Тимот на Милан од 2005 година уште има посебно место во срцето на навивачите на „росонерите“, а пред точно 15 години се одигра еден епски и контроверзен натпревар против градскиот ривал Интер, во меч од кој излезе оваа легендарна фотографија на Марко Матераци и Руи Коста.
На патот до Истанбул, каде што им се случи катастрофа од Ливерпул (водеа со 3:0, пред да одиграат 3:3 и да загубат на пенали), тимот на Карло Анчелоти налета на градскиот ривал Милан. Во првиот меч како домаќини тие стигнаа до 2:0 победа со головите на Јап Стам и Андриј Шевченко, пред да следува реваншот, секако, повторно на „Сан Сиро“.
Надежите на Интер беа уништени во 30. минута, кога Шевченко им донесе 1:0 водство. Во 72. минута, Камбијасо постигна гаол со глава, но тој беше поништен откако судијата оцени дека тој се истуркал на патот до голот. Ова предизвика лута реакција на навивачите на Интер, кои го „нападнаа“ теренот со шишиња и факли.
Судијата Маркус Мерк го одложи мечот 20 минути, во кои беше „фатен“ моментот меѓу Руи Костас и Марко Матераци. Потоа мечот продолжи, но факлите повторно полетаа кон теренот и откако еден го погоди голманот Дида во рамото, судијата го прекина мечот и Милан стигна до 3:0 службена победа, а Интер беше казнет со четири натпревари без публика. Финалето во Инстабул е друга приказна…