Top Sport

Пред 15 години, Лео Меси првпат стрелаше за Барса (видео)

На денешен ден пред точно 15 години, на 1 мај 2005 година, тинејџерот Лионел Андрес Меси Кучитини првпат се запиша во листата на стрелците на Барселона, запишувајќи го првото поглавје во една неверојатна кариера засекогаш поврзана со каталонскиот клуб.

На „Ноу Камп“, Барселона го пречека тимот на Албасете, а 17-годишниот Меси влезе во игра во 87. минута на местото на Камерунецот Самуел Ето. По само две минути, тој ја затресе мрежата на гостите, но тој гол беше поништен поради офсајд.

Во 91. минута од мечот, Роналдињо успешно го пронајде Меси, а тој успеа да го совлада противничкиот голман за да ги постави конечните 2:0 на мечот.

Оттогаш, тој постигна уште 626 голови за каталонскиот гигант, освојувајќи неверојатен број на индивидуални и тимски трофеи. Тој во моментов се наоѓа на 10. место на вечната листа по бројот на одиграни натпревари за Блауграна, само 49 помалку од рекордерот Чави.

Scroll to Top