Луис Назарио де Лима Роналдо е еден од најдобрите напаѓачи во историјата на фудбалот. Европската кариера ја започна во ПСВ Ајндховен, а потоа играше за Барселона, Интер и Реал Мадрид. Има светска титула со Бразил, но никогаш не ја освоил Лигата на шампионите.
Роналдо најблиску до титулата во Лигата на шампионите беше со Реал во 2003 година, но „кралскиот тим“ во полу-финалето не успеа да го мине Јувентус.
Сепак во 2003 година, на денешен ден, Роналдо го има одиграно еден од своите најдобри наторевари.
„Ил Феномено“ на 23 април 2003 година во четврт-финалниот реванш против Манчестер Јунајтед доби овации на легендарниот „Олд Трафорд“.
Манчестер Јунајтед го победи Реал 4:3, а во полу-финалето се пласираше тимот од Мадрид со вкупен резултат 6:5. Во реваншот трите гола за Реал ги постигна Роналдо.
„Бев изненаден како реагираше публиката кога го постигнав првиот гол. Подоцна кога го напуштав терено сите ми ракоплескаа. Тоа беше нешто посебно“, рекол Роналдо.