Доскорешниот италијански фудбалски прволигаш – тимот на Киево е соочен со згаснување по 92 години постоење затоа што не се јавил заинтересиран купувач за преземање на водењето на клубот кој западна во финансиски проблеми поради пандемијата на коронавирусот.
Киево – тимот попознат како „летечките магариња“ прволигашкиот статус го загуби по сезоната 2018/2019. Минатите две сезони ги помина во Серија Б и завршување во горниот дел од табелата.
По завршувањето на минатата сезона на површина излегоа финансиските проблеми. Доскорешниот претседател Лука Кампедели со години избегнувал да плаќа данок, па клубот е исфрлен во 4 лига.
Но, според зборовите на долгогодишниот капитен, Серџо Пелисиери кој моментно ја извршува функцијата директор на клубот, никој не е заинтересиран за вложување, а рокот за пронаоѓање нов сопственик е 24 август.
Ако до тогаш не се најде „спасителот“, Киево во новата сезона нема да има право на настап ниту со аматери.