Top Sport

Пред 40 години два тима на Реал играа финале во Купот на Кралот (Видео)

Пред 40 години Реал Мадрид во бизарно финале ја свои титулата во Купот на Кралот. Противник на Реал во финалето беше вториот тим Реал Мадрид Кастилја.

На крајот првиот тим победи со 6:1, два гола постигна Хуанито, а по еден Сантилјана, Дел Боске, Садиб и Гарсија Хернандез.

На патото до финалето Реал тогаш предводен од Вујадин Бошков ги елиминирал Логроњес, Бетис и Атлетико Мадрид, додека резервите до финалето стигнале преку Еркулес, Атлетик Билбао, Реал Сосиедад и Спортинг Хихон.

Ова е единствениот случај во професионалниот тим првиот и вториот тим на еден клуб да се борат за национален трофеј. По завршувањето на натпреварот капитените на двата тима го кренале пехарот и го трчале почесниот круг.

Бидејќи Реал таа сезона ја освои Ла Лига, Реал Кастилја стекна право да игра во Купот на куповите. Во првото коло биле елиминирани од Вест Хем.

Поради ова финале Шпанците ги сменија правилата во Купот, им забранија на резервните тимови да го играат ова натпреварување.

Scroll to Top