На денешен пред шест години се случи еден од најголемите „шокови“ во историјата на фудбалот. Германија во полу-финалето на Светското првенство среде Бразил го прегази домаќинот со 7:1 (5:0).
Бразил таа вечер во Бело Хоризонте го доживеа најтешкиот пораз во својата историја. Германија буквално ги прегази избраниците на Луис Фелипе Сколари, а полувреме имаа предност од 5:0.
Милер го постигна првиот гол во 11 минута, а потоа во периодот од 23 до 29 минута Германците од четири акции постигнаа уште четири гола. Стрелци беа Клосе, два пати Крос и Кедира.
Во вториот дел Германците го намалија интензитетот но сепак постигнаа уште два гола, преку Ширле. Конечните 7:1 ги постави Оскар во 90 минута.
Подоцна Германија ја освои светската титула со победата над Аргентина во финалето (1:0).