Top Sport

Пред точно 15 години Роналдо првпат даде гол за Португалија (видео)

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Кристијано Роналдо во кариерата има постигнато многу голови. За репрезентацијата на Португалија има одиграно 158 натпревари (уверливо го држи првото место), а постигнал 88 гола.

За сениорската селекција на Португалија дебитираше на 20 август 2003 година против Казахстан. Првиот гол за својата селекција го постигна на денешен ден во 2004 година, на Европското првенство кое се одржуваше токму во Португалија.

Португалија како домаќин на ЕУРО 2004 првиот меч го играше на „Драгао“ во Порто, против Грција. Грците на тој меч победија со 2-1 (потоа сензационално станаа и европски шампиони), а Роналдо погоди во 93 минута за ублажување на поразот.

Потсетете се на голот:

Scroll to Top