Top Sport

Прекин на солунското дерби – лутите навивачи на ПАОК влетаа на теренот

Лутите навивачи на ПАОК влетаа на теренот во финишот на судиското продолжение од градското дерби против Арис, откако губеа со 0:1 предизвикувајќи прекин на мечот, кој потоа не продолжи.

На „Тумба“ во Солун единствениот гол на мечот го постигна Аргентинецот Даниел Мансини во 41. минута од мечот, а откако беше изгледно дека мечот така ќе заврши, навивачите на ПАОК почнаа да фрлаат пиротехника на теренот, по што судијата Боби Меден, дојден од Шкотска за да го суди дербито го прекина мечот додека полицијата интервенираше.

ПАОК по 11 кола во грчката лига е на третото место на табелата со 19 поени, дури 10 помалку од лидерот Олимпијакос.

Scroll to Top