Top Sport

Прекрасен момент за семејството Киеза: Федерико го гушна братот Лоренцо (видео)

Франческа Киеза вели дека моментот кога нејзините синови Федерико и Лоренцо се гушнаа го потсетило на времето кога нејзиниот сопруг, Енрико Киеза го гушна Федерико кога тој беше момче кое собира топки.

Прекрасниот момент се случи откако Федерико постигна гол за 3:0 победа над СПАЛ на „Артемио Франки“, и истрча на аут-линијата и го гушна својот помлад брат Лоренцо, кој е во младинскиот тим на Виола и затоа додава топки за првиот состав.

Мајката Франческа и таткото Енрико (поранешна напаѓачка ѕвезда на Фиорентина) беа на трибините на стадионот.

„Тоа беше многу емоционален момент за мене. Да се видат двајцата долу во дресот на Виола, и Федерико како го гушка својот брат беше навистина прекрасно. Ме потсети на времето кога Енрико го гушна Федерико кога тој собираше топки. За еден момент, двете фази на животот се сретнаа. Кога го гледав Енрико како игра беше прекрасно, но друго е кога твоите деца се на теренот“, изјави Франческа Киеза.

Scroll to Top