Top Sport

Премиер лига: Историско остварување на Салах

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах е прогласен за најдобар играч во Премиер лигата, за изминатиот месец, со што своето име го запиша во аналите на ова натпреварување. Египќанецот е единствениот фудбалер кој во една сезона три пати е прогласен за играч на месецот.

Салах ја игра најдобрата сезона во кариерата, најдобар е стрелец во Премиер лигата, а успеа да го однесе Ливерпул и до полу-финалето во Лигата на шампионте. Голгетерската форма во домашното првенство ја продолжи и во месец март. Тој минатиот месец постигна шест гола, со кои дојде до бројката од 29 гола во Премиер лигата,

Напаѓачот постигна по еден гол против Њукасл и Кристал палас, а четири пати ја погоди мрежата на Вотфорд.

Сезонава, Салах беше прогласен за најдобар во ноември и февруари.

Scroll to Top