Top Sport

Премиер лигата го одложи дербито на северен Лондон

Премиер лигата одложи уште еден натпревар. Утре нема да се игра дербито на северен Лондон, Тотенхем-Арсенал. Одложувањето на дербито предизвика негодувања од таборот на Тотенхем.

Премиер лигата го прифати барањето на Арсенал, да се одложи дуелот, бидејќи „топџиите“, немале доволно играчи да состават тим.

Од Арсенал навеле дека имаат заразени со коронавирусот,неколку повредени фудбалери и неколкумина кои се на Африканскиот куп.

Англиските медиуми, повикувајќи се на свои извори, објавија дека Тотенхем не веруваат дека Арсенал навистина се соочени со толку голем проблем што не можат да состават тим.

Scroll to Top