Top Sport

Премиер лигата губи многу пари од нелегалните стримови

Премиер лигата губи многу пари од илегалните стрим преноси на натпревари, во просек тоа изнесува околу еден милион фунти по натпревар. Овие бројки биле добиени по анализата направена од американската компанија „ГамГам Спорт“.

Компанијата анализирала осум натпревари од минатата сезона. Секој од тие натпревари во просек го гледале 7,1 милиони „илегални“ гледачи. Најмногу корисници на такви преноси имало од Кина, Виетнам, Кенија, Индија и Нигерија.
Американците заклучиле дека Англичаните на тој начин губат околу еден милион фунти по натпревар.

Корисниците на илегалните преноси исто така ги гледаат сите реклами на дресовите и покрај теренот, но нивното гледање на натпреварите не може да се искористи во маркетиншки цели, односно за зголемување на спонзорските договори.

„Долго време никој не се грижеше за штетата што ја прават илегалните преноси, но факт е дека се губат многу пари. Сопствениците на телевизиските права полека ги разбираат работите и веруваме дека во иднина бројот на илегалните преноси ќе биде намален“, порачале Американците.

Инаку, Премиер лигата во моментов од продажбата на телевизиските права, годишно заработува 11 милијарди фунти.

Scroll to Top