Top Sport

Премиер лигата има „кеш“ од 1.6 милијарди фунти!

Последните објавени податоци околу англиската Премиер лига покажуваат дека најбогатата лига на светот има 1.6 милијарди фунти на својата сметка, неверојатен раст од 293 милиони фунти во последните 12 месеци.

Целосните финансиски извештаи до 31 јули 2017 година, мораа да станат достапни поради британскиот закон, и тие покажуваат дека лигата покрај парите има и имот за вкупна вредност од 2.57 милијарди фунти. Приходот е зголемен за 930 милиони од 2.04 милијарди во 2016 до рекордни 2.97 милијарди фунти.

Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Скадамор, кој е на позицијата од 1999 година, добил плата од 2.56 милиони фунти во 2017, намалување од 3.45 милиони фунти од претходната година.

Скадамор може да се пофали дека има и „адут“ во ракавот преку продажбата на ТВ-правата, а исто така се преговара и со „Амазон“ за онлајн преноси на натпреварите. Неодамна беа продадени дел од пакетите за ТВ-права за рекордни 4.46 милијарди фунти, и останува уште два пакети да се поделат на многу заинтересирани страни.

Како и да е, сумите покажуваат дека во Англија фудбалот е навистина привлечен бизнис, и пари има за сите – за шефовите, за клубовите и за ТВ-компаниите.

Scroll to Top