Премиерлигашките клубови планираат да ги игнорираат барањата на ФИФА да не ги постават во игра „суспендираните“ играчи од Јужна и Централна Америка овој викенд, јавува „Сан“.
11 фудбалери од Премиер лигата треба да се суспендирани, откако не се појавија за своите репрезентации кога клубовите одбија да ги пратат во земји од „црвената“ листа на Велика Британија.
Ливерпул, Манчестер сити и Челси ќе бидат најпогодени од одлуката по барање на јужноамериканските нации кои сакаа одмазда откако клубовите не ги пуштија ѕвездите да патуваат на квалификациските мечеви. ФИФА испорача „петдневна рестрикција“ на фудбалерите како бразилското трио на Ливерпул (Алисон, Фабињо и Фирмино), Рафиња од Ливерпул, Едерсон и Габриел Жесус од Манчестер сити, Тијаго Силва од Челси и Фред од Манчестер јунајтед. Другите тројца фудбалери кои се под оваа одлука се Мексиканецот Раул Хименез од Вулверхемптон, Парагваецот Мигуел Алмирон од Њукасл и Чилеанецот Франсиско Сиералта од Вотфорд.
Денеска, Мексиканците ја повлекоа својата жалба, и Хименез ќе може да игра за Вулфс. Другите фудбалери нема да можат да настапат ниту на мечевите од ЛШ во вторник и среда, но извршниот директор на Премиерлигата, Ричард Мастерс им посочил на клубовите дека проблемот ќе биде надминат.