Top Sport

Премиерлигата повторно го сруши рекордот – речиси 2 милијарди фунти на трансфери

И покрај тоа што главната тема на летниот преоден рок во 2023 беше фокусиран на парите кои ги трошат богатите клубови од Саудиска Арабија, англиската Премиерлига е таа која руши рекорди и ќе ја премине границата од 2 милијарди фунти потрошени на засилувања.

Анализата на финансиската куќа „Делоит“ покажува дека досега се потрошени 1.95 милијарди фунти на фудбалери, така рушејќи го рекордот поставен минатото лето. Првпат има два трансфери над 100 милиони фунти – Моисес Каиседо од Челси во Брајтон и Деклан Рајс од Вест хем во Арсенал.

И другите клубови трошеа многу – Манчестер сити го купија Јошко Гвардиол, Матео Ковачиќ и Жереми Доку, Манчестер јунајтед ги купија Мејсон Маунт, Расмус Хојлунд и Андре Онана, додека само Челси потрошија 340 милиони фунти. Дури и новите премиерлигаши Барнли имаат трошок од 90 милиони фунти.

До крајот на преодниот рок има уште една недела, така што речиси сигурно ќе се сруши границата од 2 милијарди фунти.

Scroll to Top