Top Sport

Претставен како легенда на Јувентус, Марадона ја тужи ФИФА 18

Легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона ќе ја тужи популарната видео игра, ФИФА 18.

Марадона се реил на ваков чекор откако многу играчи забележале грешка во видео играта, во која е „вмешан“ Марадона.

Имено, во играта, на домашните натпревари на Јувентус на стадионот во Торино, еден од траспарентите на тифозите на „Старата дама“ е со слика на Марадона. Аргетинеоцт е преставен како легенда на Јувентус, иако е познато дека тој е идол на навивачите на Наполи.

„Некои работи едноставно се неприфатливи. Моите адвокати ќе истражат. Ќе поднесам тужба поради она што ми го направија“, рекол Марадона.

Scroll to Top