Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, донел конечна одлука околу Лука Јовиќ. Напаѓачот ќе биде дел од тимот на Реал оваа сезона, иако изминатите денови медиумите пишуваа дека Зидан му порачал на Јовиќ да си најде тим каде што ќе игра во континуитет.
Претпладнево шпанските медиуми објавија дека Зидан се премислил и решил да му пружи уште една шанса на фудбалерот за кого Реал минатото лето издвоија 60.000.000 евра, а од него добија само два гола во целата сезона.