Top Sport

Претрес во домот на супер-менаџерот Жорге Мендеш

Португалската полиција извршила претрес во домот на фудбалскиот супер-менаџер Жорге Мендеш. Тој бил осомничен за даночно затајување и перење пари.

Медиумите објавија дека покрај домот на Мендеш, полицијата извршила претрес и во просториите на најголемите португалски клубови Порто, Бенфика, Спортинг, Барга…

Одземени биле документи за трансферите на кои што работел Мендеш.

Исто така претреси биле извршени и во домовите на челниците на водечките клубови, но и на фудбалери кои биле членови на овие клубови. Меѓу другите полицијата влегла и во домовите на Икер Касилјас, Џексон Мартинез, макси Переира.

Сите се сомничат дека преку фиктивни документи ги намалувале сумите што им биле исплаќани и на тој начин избегнале да платат данок во износ од неколку милиони евра.

Scroll to Top