Претседателот на Атлетико Мадрид, Енрике Серезо вели дека Кристијано Роналдо не треба да ги брои двете титули од Лигата на шампионите освоени против неговиот клуб.
Роналдо на грдите извици од трибините на навивачите на Атлетико при 2:0 поразот во првиот осминафинален меч од ЛШ одговори со покажување на „петка“, посочувајќи дека тој има 5 освоено ЛШ трофеи, додека Атлетико нема ниту еден. Серезо не се согласува.
„За мене, Кристијано нема пет титули од Лигата на шампионите, туку три. Зошто? Многу е едноставно, двете против Атлетико не ги освои тој“, вели Серезо. Запрашан, ако не ги освоил тој, чии се тие трофеи, Серезо енигматично додаде: „Ќе зборуваме за тоа во некое следно интервју“.
Карло Анчелоти, тренерот на Наполи, кој беше на чело на Реал за победата во 2014 над Атлетико, вели дека не го сфаќа Серезо.
„Зошто би кажал дека тие не треба да се бројат? Не знам што да кажам. Мадрид ги освои тие титули од ЛШ заслужено. Имаа силен противник, каков што секогаш е Атлетико, но ги освоија. Се надевам дека еден ден и Атлетико ќе освои ЛШ“, изјави Анчелоти.
? El mensaje de @Cristiano al abandonar el Metropolitano:
➡ “Tengo cinco Champions y el @Atleti cero” pic.twitter.com/Xi8tghOkeu
— GOL (@Gol) February 20, 2019