Top Sport

Претседателот на Беневенто: Ќе избориме опстанок во Серија А

Историскиот прв бод освоен во Серија А му дава надеж на претседателот на Беневенти дека клубот ќе избори опстанок во најквалитетното италијанско фудбалско друштво.

Беневенто по 14 порази успеа да освои бод во 15.коло против Милан (2:2). Во последните секунди од натпреварот голот з а2:2 го постигна голманот на Беневенто.

„Ќе видите, ќе се спасиме. Запишете го тоа. Сега и вештерките ни се насмевнуваат. Кога го куив Беневенто реков дека ќе влеземе во Серија А. Тогаш луѓето ме прогласија за лудак. Сега сакаме уште еден рекорд, да останеме во лигата по 14 порази на стартот од сезоната. Нешто се случи, клетвата е тргната, кога дадовме гол во Наепол падна снег. Ветерот го смени правецот. Можам да кажам дека на теренот ја имаме моќта на ветерот“, рекол првиот човек на Беневенто.

Scroll to Top