Top Sport

Претседателот на Џенова јасен: Нема шанси да го продадеме Пјатек (видео)

Претседателот на Џенова, Енрико Прециози ја отфрли можноста клубот да го продаде полскиот напаѓач Кшиштоф Пјатек веќе во јануари, откако тој имаше сензационално отварање на сезоната во Серија А.

Пјатек дојде ова лето во Џенова и постигна осум гола во Серија А во само шест меча за да биде убедлив лидер во Италија, но неговата фантастична форма ги зголеми шпекулациите дека Грифоне ќе се обиде да ја „искешира“ оваа форма. Прециози вели дека тоа нема да се случи.

„И помислата да се направи такво нешто е доволно луда. Јас сум пресреќен од него и знаевме дека носиме голем фудбалер со фантастичен талент. Сепак, да кажам ’знаевме’, ќе лажам. Меѓутоа, не потпишавме со него без причина. Јас го гледав како игра и тој постигна 21 гол во Полската лига минатата сезона. Вистински талент“, вели Прециози.

Фото: ЕПА

Scroll to Top