Германската фудбалска федерација (ДФБ) го предложи претседателот на Фрајбург, Фриц Келер за нов председател за најголемата спортска асоцијација на светот и замена за Рајнхард Гриндел, кој даде оставка во април.
Келер, кој е претседател на Фрајбург од 2010 е единствениот кандидат предложен од ДФБ комисијата која е задолжена да најде прв човек на асоцијацијата со 7 милиони членови.
Гриндел си замина од позицијата откако беше обвинет дека земал дополнителна плата преку една од организациите на ДФБ, но и поради часовникот кој му беше подарен од украинскиот бизнисмен Григориј Суркис. Тој беше трет последователен претседател вклучен во скандали, откако Волфганг Нирсбах и Тео Цванцигер овој месец добија обвиненија за „плаќање“ на добивањето на организацијата на Светското првенство во 2006 година.
Фрајбург пак, се познати како мал клуб кој произведува голем број на таленти кои подоцна станале ѕвезди на поголеми клубови, а еден од најзаслужните за оваа политика е Келер, кој од 1991 година беше потпретседател на клубот. 62-годишниот Келер ќе биде избран на 27 септември.