Претседателот на Лион, Жан-Мишел Ола вели дека нема да има трансфер на најголемите ѕвезди на клубот во јануари, вклучувајќи го и Мемфис Депај, иако договорот му завршува во текот на наредното лето, а Барселона е подготвена за трансфер.
Барса и Лион се „натегаа“ за Депај откако тој беше блиску до трансфер на „Ноу Камп“, кој не се оствари бидејќи каталонскиот клуб не успеа да најде купувач за Усман Дембеле. Откако Роналд Куман јавно изјави дека сака да го донесе холандскиот сонародник, тренерот на Лион, Руди Гарсија изјави дека ќе влезе „лизгачки“ на Куман за да го заддржи напаѓачот. Ола вели дека нема трансфери.
„Мемфис, иако не сум заљубен во него, носи поинаква димензија во играта на Лион и секој клуб би го посакал. Затоа ќе го заддржиме до крајот на договорот. Јас бев првиот кој кажав дека нема да оди во Барселона, но никој не ме слушаше. Не само Мемфис, туку и Хусам Ауар и Муса Дембеле. Тие не си одат бидејќи мораме да имаме успешна сезона“, вели Ола за „РМЦ спорт“.
Лион беа само седми кога се прекина сезоната 2019/20 во Лига 1 и поради тоа не играат во европските купови.