Top Sport

Претседателот на Олимпијакос го суспендира целиот тим

Фудбалскиот клуб Олимпијакос прв пат во оваа декада нема да ја освои шампионската титула во грчкото првенство, поради што претседателот Маринакис реши да го суспендира речиси целиот тим.

Олимпијакос, во моментов, се наоѓа на третата позиција на табелата со шест бода помалку од АЕК, што значи дека шансите за одбрана на титулата се минорни.

Претседателот на клубот, контроверзниот бизнисмен Маринакис, реши да го казни тимот со 400.000 евра и да суспендира поголем дел од играчите. До крајот на сезоната во лигаата ќе играат само неколкумина од искусните фудбалери, а остатокот од тимот ќе биде пополнет од младинскиот погон.

„Тие ќе знаат да се борат за клубот и навивачите“, им порачал Маринакис на ѕвездите на клубот.

„Вие само мислите на вашите лукзузни куќи и авотмобили, не ве интересира клубот. Овие пари (400.000 евра) ќе ги вложам во аматерските клубови и фудбалската школа. Тие тоа ќе го почитуваат, тие за разлика од вас навиваат за Олимпијакос. Сменив тројца тренери, но луѓето не беа виновни, проблемот е во вас“, грмел на играчите Маринакис.

Инаку, сезонава Олимпијакос преку Партизан и Риека успеа да стигне до фазата по групи во Лигата на шампионите. Во фазата по групи, во конкуренција на Барселона, Јувентус и Спортинг Лисабон, Олимпијакос освои само еден бод.

Scroll to Top