Top Sport

Претседателот на Примера не сака Нејмар да се врати во Барселона

Првиот човек на шпанската Примера, Хавиер Тебас, не би сакал Нејмар да се врати во Барселона. Однесувањето на Бразилецот не било на нивото на Примера, поради што Тебас се надева дека тој нема повторно да игра во Шпанија.

„Се надевам дека Нејмар нема да се врати во Барселона. Секогаш сакаме да ги имаме најдобрите играчи во нашата лига, но кога станува збор за Нејмар неговото однесување не е добро за нашето натпреварување, бидејќи на крајот се се сведува дали тој го направил ова или она“, рекол Тебас и дополнил.

„Многу нешта направивме за да ги донесеме вистинските вредности во Примера и не сакаме поединец да ја смени таа слика. Тој може да биде брилијантен играч, но и однесувањето не многу важно, бидејќи тоа го покажува нашето вистинско лице“.

Нејмар веќе неколу недели се поврзува со Барселона, односно со враќање на „Ноу Камп“. Самиот рекол дека нема намера повеќе да игра во ПСЖ. Наводно Барселона го понудиле Фелипе Кутињо и одредена сума на пари за реализиција на трансферот.

Scroll to Top