Претседателот на аргентинскиот клуб Ривер Плата, Родолфо Донорфио, го обвинил Реал Мадрид, за користење на нечесни методи во преговорите со младиот талент на овој клуб Езекиел Паласиос.
Аргентинските медиуми пишуваат, дека Реал подготвил договор од 20 милиони евра за Паласиос. Претеседателот на Ривер Плата тврди дека клубот не бил информиран дека европскиот првак преговара со нивниот фудбалер.
„Не сакавме да веруваме дека тие наводи се точни, но очигледо е дека тие се вистинити. Разговаравме со застапникот кој потврди дека тоа е вистина. Да бидам искрен, бевме изненадени. Не очекувавме дека еден така голем клуб, каков што е Реал, може да прави такви работи. Тоа е непочитување кон Ривер Плата и нашиот однос што го имаме со Реал. Нашите клубови се поврзани уште од времето на Алфредо ди Стефано“, рекол Донорфио.
Паласиос е еден од најголемите таленти на аргентинскиот фудбал, а за популарниот клуб од „Монументал“ дебитирал на 16-годишна возраст.