На Барселона и е потребен тренер од калибарот на Јирген Клоп, вели претседателскиот кандидат на каталонскиот клуб Жорди Фаре, кој тврди дека веќе имал преговори со претставниците на менаџерот на Ливерпул.
Роналд Куман седна на клупата на Барса по отказот кој го доби Кике Сетиен, но бидејќи во март следуваат претседателските избори во клубот, кандидатите веднаш ги кажаа своите адути. Друг претседателски кандидат, Виктор Фонт најави дека и со тројна круна Куман ќе биде сменет од клупата, а сега Фаре ветува носење на германскиот стручњак.
Покрај Фаре и Фонт, во игра за нов претседател е и Луис Фернандез Ала, а 44-годишниот Фаре, кој беше кандидат во 2015 има детален план.
„Ако Куман заврши добра работа, секако ќе биде заддржан. Но, мора да имаме плани веќе преговарав со претставниците на Јирген Клоп, бидејќи сметам дека на Барса им е потребен таков тренер. Куман е легенда на Барселона и сите му посакуваме најдобро“, вели Фаре.