Top Sport

Претседателско обезбедување – Роналдо се врати во Торино

Најголемата ѕвезда на Јувентус Кристијано Роналдо доцна синоќа се вратил во Торино. Поради коронавирусот Роналдо изминатите два месеци ги мина во Португалија.

Минатата недела откако италијанската влада им дозволи на спортистите индивидуални да тренираат и најави отворање на тренинг центрите од 18 мај, Јувентус ги повика своите играчи кои ја напуштија Италија да се вратат во Торино.

Фудбалерот и неговото семејство со обезбедување какво што вообичаено им се доделува на политичарите и државниците го напушти аеродромот „Цаселе“.

Роналдо наредните 14 дена ќе ги мине во карантин, а првиот заеднички тренинг со соиграчите ќе го има на 18 мај.

Scroll to Top