Top Sport

Причините зошто Нејмар не е номиниран за Златната топка

Бразилецот Нејмар го нема на листата од 30 најдобри фудбалери кои влегоа во трката за Златната топка што ја доделува „Франс фудбал“.

Организаторите навеле неколку причини зошто на листата го нема Бразилецот од Пари Сен Жермен.

Прва причина се повредите. Нејмар ја заврши сезоната на 23 јануари кога го повреди стапалото на натпреварот со Стразбур. Поради таа повреда Нејмар ја пропушти елиминацијата во осмина-финалниот Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите, а по мечот се истакнал со недолично однесување поради што УЕФА го суспендира на два натпревари.

„Франс фудбал“ ги потсетува читателите на сите глупости што ги направил Нејмар кога не играл за ПСЖ.

„Нејмар секој пат се извлекувал без последици, додека неговите соиграчи секогаш биле критикувани“, пушива новинарот и потсетува дека Нејмар не бил казнет кога турнал еден навивач во текот на финалниот меч во Купот на Франција.

Нејмар поради повредата го пропушти и првенството на Јужна Америка (Копа Америка), а „Франс фудбал“ потсетува и за фијаското што му се случи летово кога не успеа да издејствува трансфер во Барселона.

„Франс фудбал“ наградите ќе ги додели на 2 декември.

Scroll to Top