Top Sport

„Пријател сум со Дарко. Не нарачав да го убијат“

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Браво, ги негира медиумските шпекулации дека тој е нарачател на убиството на Дарко Ковачевиќ. На поранешниот српски репрезентативец е пукано пред две недели во Атина.

Раул Браво и Дарко Ковачевиќ се поранешни соиграчи од Олимпијакос. Шпанецот тврди дека редовно биле цимери со Ковачевиќ и дека во тој период станале добри пријатели.

Во една радио емисија тој негирал дека на било каков начин е поврзан со нападот врз Ковачевиќ.

„Не би се занимавал со овие глупости, но тие работи ги чита моето семејство, поради тоа чувството не е пријатно. Дарко ми се јави да провери како сум поради ваквите глупости. Ние не бевме само соиграчи, бевме цимери, изградивме пријателство кое го негуваме и денес. „Нетфликс“ можат да снимат филм за овие глупости. Жолтиот печат во Србија објави дека сум сакал да го убијам Квачевиќ, бев шокиран од тие наводи. Си го кренаа тиражот со наводите дека сум сакал да го убијам Дарко. Глупости“, рекол Браво.

„Многу луѓе ме прашуваат зошто не поднесов тужба против весникот. Да бидам искрен ништо добро не би добил од тоа. Нема потреба да го „исчистам“ името, сите знаат кој сум и дека немам врска со ова. Познавајќи го Дарко најпрвин си помислив дека некој се обидел да го ограби. Не можам да замислам дека некој се обидува да му наштети“, завршил со излагањето Раул Браво.

Scroll to Top