Top Sport

Пријателството е посилно од клупските бои: Влаховиќ прв го утеши несреќниот Венути (ВИДЕО)

Душан Влаховиќ се врати во Фиренца и беше пречекан како „предавник“ од фановите на „виолетовите“. Но, тој сепак покажа дека пријателството е посилно од клупските бои по завршувањето на куп-натпреварот меѓу Фиорентина и Јувентус.

„Старата дама“ победи со 0:1, а несреќен автогол во судиското продолжение си постигна Венути. По последниот свиреж на судијата, токму Душан Влаховиќ тргна прв да го утеши поранешниот соиграч Венути.

Scroll to Top