Top Sport

Прило на петмина им соопштил дека не ги сака во тимот

Фудбалскиот клуб Јувентус се подготвува да продаде пет мина фудбалери во Премиерлигата на Англија. Тоа се фудбалери на кои новиот тренер Андреа Пирло нема да смета во новата сезона.

Како што пишува „Газета дело Спорт“ Пирло ги отпишал Арон Рамзи, Даглас Коста, Алекс Сандро, Федерико Бернардески и Матија Перин.

Според овој извор со продажбата на овие фудбалери Јувентус планира да собере пари за нови трансфери.

За рамзи во клубот се сигурни дека можат да добијат 25 милиони евра. Интерес за Велшанецот покажале Вест Хем, Манчестер Јунајтед и Кристал Палас.

Јувентус за 12 милиони евра на Вулверхемптон им го понудиле голманот Матија Перин, додека во клубот се надеваат дека за Бразилците Коста и Сандро, односно Бдернардески можат да добијат по околу 30 милиони евра.

Scroll to Top