Кевин-Принс Боатенг и самиот го потврди изненадувачкиот трансфер во Барселона и веќе стана „миленик“ на навивачите на каталонскиот клуб откако изрази желба да постигне гол против Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ на следното „Ел класико“.
Боатенг ќе дојде во Каталонија од италијанскиот Сасуоло и ќе биде замена за Мунир Ел Хадади кој замина во Севилја и би требало да биде поддршка на Луис Суарез.
„Барселона доаѓам, и иако сум тажен што си заминувам од Сасуоло, ова е огромна шанса за мене. Не ме прашувајте за Реал Мадрид, сакам да се фокусирам на Барселона и се надевам дека ќе постигнам гол на ’Бернабеу’ на следното ’Ел класико’“, изјави репрезентативецот на Гана за „Скај спорт Италија“.
Фудбалерот треба да пристигне во Барселона во текот на наредните неколку часа за да го комплетира трансферот со позајмица за 8 милиони евра (одлична зделка за Сасуоло). Барса ќе има шанси да го откупи договорот на лето.
Подоцна, и Барселона на својот веб-сајт го потврди доаѓањето на напаѓачот.
⚠️ All the details about the new @FCBarcelona player @KPBofficial
⚽️ #EnjoyPrince ??https://t.co/sKC2y1Evxw— FC Barcelona (@FCBarcelona) January 21, 2019