Принцот Вилијам, војводата од Кембриџ, заедно со својата сопруга, војвотката Кејт, исполни една од желбите од детството посетувајќи го „Вила Парк“ во Бирмингем, стадионот на неговиот омилен клуб Астон Вила.
Кејт и Вилијам, кој е роден неколку дена откако Вила го освои Европскиот куп во 1982 година, се сретнаа со водечките луѓе на тимот кој оваа сезона настапува во втората англиска лига, Чемпионишип.
Вилијам исто така е претседател на Англиската фудбалска федерација (ФА), меѓутоа тоа не му пречи честопати да зборува за својата љубов кон Астон Вила.
„Кога почнав да гледам фудбал сите мои пријатели навиваа или за Манчестер јунајтед и Челси, но не сакав да навивам за очигледните тимови. Сакав тим кој ќе ме води на емоционален ролеркоустер, и од сегашна гледна точка, тоа можеби беше грешка! Но, Астон Вила е тим со славна историја и првиот натпревар на кој бев беше Болтон-Астон Вила во 2000 во полуфиналето на ФА купот. Вила го доби тој меч, а потоа загуби од Челси. Меѓутоа чувството беше фантастично“, изјави неодамна Вилијам за својата љубов кон Астон Вила.
?? The Duke of Cambridge meets Villa Park royalty ?❤️#PartOfThePride #AVFC pic.twitter.com/i5yHihevww
— Aston Villa FC (@AVFCOfficial) November 22, 2017
?? The Duke and Duchess of Cambridge got to see first-hand the excellent work of @WeareCoachCore alongside @AVFCFoundation as they took part in a host of activities on the Villa Park pitch…#PartOfThePride #AVFC pic.twitter.com/oWiHvpkGrL
— Aston Villa FC (@AVFCOfficial) November 22, 2017