Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, на раководството на клубот му кажал дека приоритет треба да биде останувањето на Јан Облак на „Ванда Метрополитано“.
ПСЖ покажува сериозен интерес за репрезентативецот на Словенија. Сопственикот располага со многу пари и секогаш ги реализира своите желби. Прашање е само дали има намера да ја плати откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.
Договорт на Облак со Атлетико истекува во јуни 2021 година.
Словенецот во Атлетико пристигна во 2014 година од Рио Аве каде настапуваше како позајмен играч од Бенфика за сума од 16 милиони евра.