Top Sport

Приведен е Илчо Ѓоргиоски поранешен претседател на ФФМ

Денеска под водство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство гонење на организиран криминал и корупција, Управата за финансиска полиција и МВР, спроведува координирана акција на повеќе локации во Скопје.

Телвизијата Телма, објави дека во рамките на оваа акција е приведен и поранешниот прв ччовек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Илчо Ѓоргиоски.

„Пријава против него имаше поднесено уште во 2019 година дека како претседател на Фудбалската федерација на Македонија извршил кривични дела „даночно затајување“ и „фалсификување или уништување деловни книги“.

Пријава беше поднесна и за ФФМ. Тој беше осомничен дека прикажал лажни и невистинити податоци во завршната сметка и не платил данок на добивка, со што ФФМ се стекнала со противправна имотна корист од 1.680.912 денари, за кој износ го оштетиле Буџетот на државата“, објави Телма на својата интернет страница.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');