Поранешниот тренер на Интер, Луиџи Симони (80), тврди дека покрај Мауро Икарди, во летниот преоден рок клубот ќе го напушти и Иван Перишиќ. Италијанските медиуми пишуваа дека поради недоразбирањата со Перишиќ, Икарди останал без капитенската лента.
„На тимот му е потребна хармонија за да може да направи квалитетен резултат. Невозможно е да го направите тоа кога имате проблеми во соблекувалната. Денешните фудбалери прво мислат на себе, а потоа на тимот“, рекол Симони и дополнил.
„Претпоставувам дека Икарди и Перишиќ ќе заминат по завршувањето на сезоната“.
Луиџи Симони бил тренер на Интер во сезоната 1997/1998, а во кариерата ги предводел и Наполи, Торино, Сиена, Лацио.