Top Sport

Проблем за Баерн – Тинејџерот бара милионска сума за првиот договор во кариерата

Баерн Минхен се соочува со уште еден „случај Алаба“. Тинејџерот, Џамал Мусиала, преку својот менаџер, на клупските челници им ги претставил своите финансиски барања.

Мусиала, кој има 17 години и се уште нема професионален договор со клубот, од Баерн бара неделна плата од 110.000 евра, односно 5,2 милиони евра на годишно ниво.

Доколку не ги исполнат финансиските барања на тинејџерот, Баерн ќе останат без голем талент. Интересот за Мусиала не го кријат англиските великани Ливерпул, Манчестер сити и Манчестер јунајтед. Овие клубови биле подготвени да ги исполнат неговите финансиски барања.

Мусиала, на почетокот на сезоната постигна гол против Шалке и стана најмладиот стрелец во историјата на Баерн.

Тој е роден во Германија, но и покрај тоа настапува за Англија. Кариерата ја започнал во академијата на Челси, а во Баерн е од 2019 година.

Мусиала на 26.февруари ќе наполни 18 години.

Scroll to Top