Top Sport

Проблем за Манчестер сити – Торес ќе отсуствува еден месец

Манчестер сити, неколку недели ќе биде без напаѓачот Феран Торес. Поранешниот играч на Валенсија, минатата недела се повреди на мечот со Италија во Лигата на нации, играше и во финалрто против Франција.

Феран Торес, постигна два гола против Италија, со кои Шпанија избори финале во Лигата на нации. На тој натпревар, Торес, го повреди зглобот. Одлуката да игра во финалето не била добра.

Прегледите во клубот покажале дека тој ќе пропушти најмалку седум натпревари. Тој сигурно нема да игра во Премиер лигата против Барнли, Брајтон, Кристал Палас и Манчестер јунајтед, во Лигата на шампионите ќе ги пропушти двата натпревари против Клуб Бриж, а нема да биде во составот и во Лига купот против Вест Хем. Тој исто така нема да може да и помогне на Шпанија, во завршницата од квалификациите за Светското првенство.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола, ќе има играч помалку во ротацијата за овие натпревар.

Scroll to Top