Top Sport

Проблем за Реал и репрезентацијата на Германија

Тренерот на Реал Мадрид Зинедин Зидан одреден период нема да го има во тимот Тони Крос. Германскиот репрезентативец се повреди во саботата на гостувањето кај Бетис (2:3). Крос во финишот на првиот дел го напушти теренот.

Крос се пожали на повреда на коленот. Реал не објави колку ќе паузира играчот од редот за врска. Според медиумите Германецот надвор од терените ќе биде две недели.

Тоа значи дека Крис ќе ги припушти натпреварите кои реал ќе ги одигра против Ваљадолид (среда) и Леванте (недела). Исто така тој нема да може да им помогне и на колегите во репрезентацијата.

Германија во Лигата на нации ќе игра против Украина и Шајцарија.

Scroll to Top