Пријателите и семејството на напаѓачот на Манчестер сити, Габриел Жесус биле вратени назад од аеродромот Хитроу покрај Лондон во јануари поради истекување на нивната британска виза.
Бразилецот Жесус се адаптираше на животот во Англија по доаѓањето од Палмеирас во јануари 2017 со помош на неговиот брат, Фелипе и на двајца пријатели, Хигор Брага и Фабио Лусио, кои живеат со фудбалерот во луксузниот апартман во центарот на Манчестер.
Тројцата биле вратени во Бразил во јануари поради истекот на визата, и се верува дека сега ќе аплицираат за визи за студенти, а Манчестер сити помага во процесот.
Мајката на Жесус, Вера, за среќа немала проблеми со визите.