Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, има сериозни проблеми ред утрешниот натпревар со градскиот ривал Леганес, во рамките на 11.коло, во Ла Лига.
Аргентинскиот тренер за овој натпревар не е сигурен дека ќе може да смета на услугите на тројца влијателни играчи, капитенот Диего Годин, односно Коке и напаѓачот Диего Коста.
Тројцата веќе два дена не тренираат со првиот тим, туку работеле по посебна програма, а Симеоне веројатно во текот на денот ќе реши дали тие ќе бидат во ростерот за овој натпревар.
Атлетико ќе му гостува на Леганес, утре со почеток во 13 часот. Во мечот „јорганџиите“ влегуваат со 19 бода, два помалку од лидерот Барселона.