Ешли Јанг е шестиот фудбалер на Интер кој е заразен со коронавирусот. Клубот соопшти дека Јанг бил тестиран во саботата во тренинг-центарот и дека сега се наоѓа во самоизолација.
Покрај Јанг уште шестмина играчи на Интер се заразени со вирусот Ковид-19, тоа се: Алесандро Бастони, Милан Шкриниар, Раџа Наинголан, Роберто Гаљардини и Андреј Раду.
Неизвесно е дали тие ќе настапат на градското дерби со Милан, на 17 октомври.