Капитенот на Тотенхем, Хари Кејн ќе паузира 6 недели поради повреда на тетивата на ногата заработена на мечот кој неговата екипа вчера го загуби од Саутемптон. Кејн во 75 минута го напушти теренот поради силна болка.
Голгетерот постигна гол на вчерашниот меч, но истиот беше поништен поради офсајд.
Ќе се следи неговата здравствена состојба, но јасно е дека јануари за него е завршен. Кејн ќе гo пропушти дуелите со Ливерпул и Манчестер Сити во Преиерлигата, а под знак прашање е и првиот дуел со Лајпциг во Лигата на шаmпиони.
Замена за Англичанецот во нападот на Спарси се очекува да биде Јужнокореецот, Сон кој ја отслужи казната поради картонот што го доби на дуелот со Челси. Втора опција во нападот на Мурињо е Лукас Моура.
Кејн сезонава еднаш веќе паузираше, во ноември, кога поради болест го пропушти мечот со Евертон.