Покрај лошата игра и тешкиот пораз од Атлетико (7-3), дополнителна главоболка на тренерот на Реал, Зинедин Зидан, му зададе Лука Јовиќ. Напаѓачот за кого Реал платија 60 милиони евра се повреди и според шпанските медиуми му претстои пауза од два месеци.
Лука Јовиќ тешко се вклопува во тимот на Реал, според „Марка“ премногу е повлечен и срамежлив што се покажа и на турнејата во САД. Одигра едно полувреме против Баерн и 16 минути против Арсенал, кога беше заменет за да му отстапи место на Рафаел Варан кога Начо доби црвен картон.
Против Атлетико Јовиќ го започна мечот, а по 25 минути беше заменет поради повреда. Тој се судри со голманот на Атлетико Јан Облак, го повреди глуждот и мораѓе да биде заменет.
Првите прогнози на шпанските медиуми не влеваат оптимизам, повредата била сериозна. Јовиќ најверојатно ќе паузира околу два месеци.
Ова е уште еден удар за Зинедин Зидан, кој речиси цела сезона во тимот ќе го нема Марко Асенсио, додека Ферланд Менди ќе биде еден месец надвор од тимот.
Why Luka Jovic why.. ? pic.twitter.com/AZMoyWKWVF
— Ahhe (@LukaJovic18i) July 27, 2019