Top Sport

Проблеми за Валенсија, се повредија Гуедеш и Гарај

Двајца фудбалери на Валенсија ќе паузираат одреден период поради повредите со кои се здобија во дербито со Барселона (1:1).

Талантираниот напаѓач Гонсало Гуедеш ќе отсуствува најмалку еден месец. Тој го одигра целиот натпревар со Барселона, а по дуелот лекарскиот тим објави дека тој ќе мора да замине на операција на метатарзалната коска.

Валенсија не соопшти каква е повредата на дефанзивецот Есекијел Гарај, туку само објави дека го очекува кратка пауза.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');