Зинедин Зидан тренерот на Реал Мадрид пред утрешното гостување кај Леванте се соочи со неочекувани проблеми. Зидан остана без десен бек, што значи дека Начо, кој нема одиграно ниту секунда од почетокот на сезоната, ќе добие шанса.
Вчера клубот објави дека се повредил Дани Карвахал, а денес од Мадрид потврдија дека се повредил и замената за Каравахал, Алваро Одриозола.
Ова е голем проблем за Реал бидејќи во наредниот период Зидан нема да може да смета ниту на Еден Азар и Тони Крос.
Информациите говорат дека Карвахал ќе отсуствува два месеци, истото толко ќе отсуствува и Азар, додека не е познатот коло ќе бидат надвор од терените Крос и Одриозола.
По мечот со Леванте и репрезентативната пауза Реал ќе влезе во серија натпревари од кој секако најзначаен ќе биде оној со Барселона на 25 октомври. Голема е веројатноста Зидан без десен бек да го дочека „Ел Класико“.