Top Sport

Проблемот на Јувентус е Кристијано Роналдо

Шлаканицата што ја добија фудбалерите на Јувентус, во неделата, од Интер и понатаму е тема во италијанската спортска јавност. Поразот од 2:0, во натпревар, во кој Јувентус не се ниту заканија кон голот на противникот, се анализира во сите релевантни спортски медиуми.

Вилијателниот „Кориере дело Спорт“, во својата анализа посочува дека Кристијано Роналдо е најголемиот проблем во играта на Јувентус.

„Јувентус се посвети на Роналдо и неговите рекорди, што ги кочи останатите идеи во играта. Во таа приказна се вклопи и Андреа Пирло, поради што Јувентус стана клуб чии резултати зависат од еден играч“.

По 17 одиграни натпревари, Јувентус со 33 бода се шести на табелата во Серија А. Со натпревар помалку Јувентус заостанува десет бода зад лидерот Милан.

Scroll to Top