Тренерот на Партизан Саво Милошевиќ за српските медиуми го анализирал есенскиот дел од сезоната, кој неговите играчи го завршија на второто место во првенството на Србија со 11 бода помалку од најголемите ривали Црвена звезда.
Милошевиќ смета дека Црвена звезда му претставува проблем за да ги спроведе своите планови.
„Секогаш е можно да се стигне таква разлика. Реално можевме да ги добиеме натпреварите на кои ги губевме бодовите. Ни недостигаа тројца-четворица, поради тоа не можевме да играме на високо ниво на секои три дена. Ќе се обидеме да се засилиме во преодниот рок. Постојат домашни играчи за кои размислуваме. Е тука имаме проблем со Црвена звезда. Не сум лут кога го велам ова, само сакам да кажам дека ние не можеме да платиме за некој играч колку што можат тие да платат“, рекол Милошевиќ.