Top Sport

Продолжена му е суспензијата на Насри

На францускиот фудбалер Самир Насри му е продолжена суспензијата поради кршење на анти-допинг правилата.

Европската фудбалска унија (УЕФА), во февруари му изрече шест месечна суспензија, меѓутоа сега казната му е зголемена на 18 месеци.

Доктор на една клиника во Лос Анџелес, во декември 2016 година објави фотографија на социјалните мрежи, на која е Насри, со текст дека „му дал капка што ќе му помогне да остане хидриран и здрав во текот на напорната сезона“.

Насри во тој момент беше играч на Севилја, каде што го испрати Манчестер сити, со кого беше под договор.

Поранешниот француски репрезентативец нема да може да игра фудбал до јануари 2019 година.

Scroll to Top